свој (прид.) - вина (имн.)

Митра беше најпрва убавица во Потковицата и околните населби, гордост на сиот сој Ризески и посебно на татка си Анѓелета, а овој Алексо, може не по своја вина, имаше искршкан живот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Во време на аграрната реформа, во 1924-та, што ја спроведоа Србите по повторното завладување на Потковицата, на чифлигот Јаузоски и на сета најубава земја населија четворица Срби, солунци.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Иако редовно плаќа членарина таа, генерално, не е запознаена со работата на синдикатот, ниту пак е активно вклучена во некакви синдикални активности.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во август 2006-та, вршејќи ги своите редовни работни задачи на работното место, Ф.И. без своја вина доживува повреда при работа (несреќен случај / vis maior).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Странката е должна, независно од исходот на парницата, да и ги надомести на противната странка трошоците што ги предизвикала по своја вина или случај што ѝ се случил нејзе (чл. 150, ст.1 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Странката која во целост ќе ја загуби парницата е должна, на противната странка и на нејзиниот замешувач, да им ги надомести трошоците (чл. 148, ст.1 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Некои се успиваат, не по своја вина. Некои тоа го прават намерно.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Го напушта дворот каде што, не по своја вина и не по зла намера, остави да се сушат едно крувче и една жива човечка душа.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Сознавајќи ја својата вина и немајќи сили да го признае тоа, во него се раѓаше протест. Протест против Неа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Во сето тоа ја согледа и својата вина.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И, додека едната баба го читала Мопасан, другата воопшто не читала; не дека немала време, ами затоа што била неписмена, не по своја вина (немало кој да ги пасе говедата).
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
На ваков начин, работникот чија материјална ситуација е доволно лоша за тој да биде потенцијален кандидат за примање на социјална парична помош се доведува во значително понеповолна состојба во однос на работодавецот, особено поради тоа што мора да внимава да не добие отказ „по своја вина“, бидејќи основите за тоа, како што видовме кај анализата на Законот за работни односи, се доста бројни.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
„Ја знам својата вина,“ рече, и гледаше во тупаниците.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Прости ми.” „Немам што да ти простам,” реков. „Немаш сторено никакво зло.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тешко ми беше, но својата вина ја признав дури десетина години подоцна, кога веќе не дозволував да бидам тепан и кога на случката можеше да се гледа само како на еден безначаен, смешен настан од детството.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Во моето сеќавање сè уште се движеа необичните слики од сонот а помеѓу нив можев да ја распознаам и решеноста дека во мене воопшто не се јавува желба да обвинам поединци, или да сочувствувам, а ако е потребно дури и да страдам поради моето однесување во тој проклет сон иако во него се најдов не по своја вина.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
А потоа, наеднаш, без одредена причина и јасен повод ја изрече и онаа чудна констатација дека се чувствувала заглавена под урнатините на денот! И тоа не по своја вина!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)