свој (прид.) - визија (имн.)

Ја бараше својата визија.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Како божем сега тој чичко видел во своите визии дека Змејко имал некој лош другар од кого му била направена таква црна магија.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Како одамна кога имаше шест или седум или осум години, тој човек, сега бел, подгрбавен и очаен од необјаснивните стапици на судбата и од далечните тајни на сувиот бунар од неговото детство, попушташе со секој нерв и во секој зглоб пред своите визии.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Нејзините претстави имаат форма на монолог, one-woman sex show, игри на интеракција со публиката која се повикува да учествува, и тантрички ритуал на лекување.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Промовирајќи ја својата визија на сексуалноста на „Новото Доба“, Ани вели: „Сексот е пат кон просветлувањето...
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Трепери сето тоа величие на најсјајните делови од јудаичката историја, пред очите на њујоршкиот рабин.  Во својата визија ја посведочува првата служба на Бога и додека ја гледа со моќта на фантазијата, шепоти благослов.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Во таа колку идилична толку и трогателно наивна слика на конечното оздравување на хрватското општество во која одеднаш просветените политички екстремисти покајнички паѓаат на колена пред симболичкиот претставник на златната општествена средина - во популистичката верзија на Готовац, пред народот, а во елитистичката на Кравар, пред “неутралниот граѓанин” - на виделина излегува темелното недоразбирање врз кое Кравар ја гради својата визија за хрватското општество.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Секој ја изложувал својата визија пред восхитениот император.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
”, објави Џим Вудринг (Jim Wo- odring), стрип цртач, на почетокот на својата серија Џим - место каде што го открива остатокот од своите визии, кои исто така се прилично вознемирувачки: Вудринговите стрипови се преполни со огромни светлечки жаби, морбидни физички трансформации, згради прекриени со лук, заканувачки симетрични сенки, и посебно, спирални виножитно-обоени духови.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)