свој (прид.) - верзија (имн.)

Тој ја споредуваше науката со вуду и магија, а биолозите кои изведуваат експерименти на животни со нацистите.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Но јас си имав своја верзија, свое толкување за настанот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Токму тоа читање ме наведе, на петнаесет години колку што имав тогаш, да напишам своја верзија на „Шега со Станец“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Тој ги бранеше обидите на фундаменталистичките христијани да имаат своја верзија за создавањето која ќе се изучува паралелно со теоријата за еволуцијата во јавните училишта.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Во „живо“, без помош на електрични миксирања и местења, ги свиревме овие песни во своја верзија, некогаш импровизирајќи ги по 20 минути, а во публиката (како и кај нас, свирачите) адреналинот растеше, сè додека долгокосите, боси девојки со цициња ослободено од градниците не се качеа на бината и не почнуваа да скокаат по тапаните или по типките на мојата фарфиса.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)