свој (прид.) - величина (имн.)

Бен Али ќе придонесе стариот Бургиба да живее со спомените на својата величина уште повеќе од една деценија, но со притаена горчина во себе дека не ја достигна вечноста на владеењето.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тој со Цветана Горски внимателно го слушаше: - Во новото време, кој и да е режим, ќе ја покажува својата величина само според односот кон Езерото.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Кога врволицата дојде пред конакот, валијата, со целата своја величина и достоинственост, се појавува на балконот.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Секој сакаше да се надоврзе на мислата на Игора, но тој веднаш продолжи: - Човекот, пријатели мои, на овие простори, на ова Езеро кое е божји дар, ќе ја докажува својата величина, својата мерка за човечност - само во однос на чистотата, долговечноста на Езерото.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)