свој (прид.) - благослов (имн.)

И му го даде својот благослов.  „Колку беше во право старецот”, си мисли сега Корец, насмевнувајќи се на тие најубави мигови од неговиот живот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Севишниот како да ги внел и во својот благослов кога нѐ создавал. Дедо ти имаше право.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
На здржаната радост на Гита со која веќе ги делеа првите сладости на брачниот живот, на гордоста на татко му кога примаше честитки за успехот на син му, на комплиментите што од сите страни го заплиснуваа како нова гордост на јудејската заедницата на Жешов, на Галиција, на сите Ашкеназим, на својата исполнетост со тоа вртоглаво славје на сладости потекнати од првиот крунисан успех.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)