свој (прид.) - битка (имн.)

Обележан од краткото, но значајно пријателство со Игора Лозински, Татко не престана да се среќава со Цветан Горски, кој водеше своја битка во тешките времиња, за да го сочува споменот на Игора Лозински, да го отвори неговиот музеј, да се бори за животот на неговите идеи.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Достасаа и ветровите и ја започнаа својата битка над селото како тука да одбрале најдобар мегдан за пресметување.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Но Аце на 28 години имал поголеми мадиња за разлика од сите овие педесетгодишни давајгазовци кои во своите битки можат да се пофалат само со разранети колена и згрбавен рбет.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Језуитите биле помешани во сите европски револуции, но никогаш немале своја битка, битка на језуитите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
XXVIII Татко уште долго во ноќта, охрабрен од светлината на ѕвездите, која не го напушташе, ја продолжуваше својата битка со книгите, посебно со речниците кои сега беа на сите страни на чардакот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)