свој (прид.) - автомобил (имн.)

„Јазовирот“ на Панчарево е далеку, а вештачкото езеро на „Штркелово гнездо“ можат да го користат само оние што имаат свои автомобили.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Никодин и Светлана го фатија последниот воз за Куманово, а Јана со својот автомобил овој пат сама, се врати во Бечеј.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Како што е претпоставувачки и дека: - пријателот - црнец на гл. јунак е или судија, или шеф на полиција или партнер - детектив и често погоден од злосторничкиот куршум (се разбира, незаслужено) умира во прегратката на својот другар; - кога јунакот (со неговиот пријател - црнец) го паркира својот автомобил каде било, на пр. во преполнетиот Њујорк, секогаш има слободно место;
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Херкул станува Херк, а Мегара – Мег.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Секаде до каде може со својот автомобил да дојде современиот човек, оставил нечистотија, неред.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Сакав да му речам, ама се плашев пак да не се поткачиме. Подобро да молчам.“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„А ти да му речеше. Не е другарски зад грб да озборуваш!“ ме пресече Влатко. „Другари сме, не чини така!“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Како и да е - многу е убаво да си имаш свое авто.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Автомобилите се исто така важни домови; луѓето понекогаш повеќе сакаат да “живеат” okno.mk 27 во својот автомобил, а продажните статистики покажуваат дека луѓето трошат повеќе пари на автомобилската стерео опрема отколку на домашната.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Во шест часот веќе се возеше на работа, а кога стаса го паркира автомобилот во големиот двор каде сите други исто така ги паркираа своите автомобили штом ќе изгрееше сонцето.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)