своевиден (прид.) - ритуал (имн.)

Нивното годишно појавување на фестивалот на Фајер Ајленд претставувало своевиден ритуал – јавно, заедничко одигрување на загуба и на болка – и на тој начин вдовиците послужиле како неофицијални жалосници во името на сите од тамошната заедница.190 Исто како што си го исмевале средоземното наследство додека истовремено гордо го прикажувале, тие и го исмевале сопственото страдање токму кога видливо го ставале на увид.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Кучето го смени своето поведение однесувајќи се како да применува своевиден ритуал наменет на минутите во кои стариот професор се готвеше да си легне.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Работниот ден го започнуваше со своевиден ритуал, со неколку ѕвонења на мобилен и гласно разговарање со неколкумина важни градски фактори.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)