светски (прид.) - првенство (имн.)

Слика прва: Идеш у дуќан, зимаш ЕлЦеДе телевизор најголем што постои, гледаш светско првенство у фудбал, завршува финалето и го враќаш.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Бидејќи првиот свет е секогаш Америка Америка секогаш е прва освен на светското првенство во ватерполо На кое тукушто победи Црна Гора За која нејзините жители уште од времето на владиката Данило Си пееле дека Црна Гора јес малена ал је часна и поштена
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Баш се чудни и неразбирливи брановите: ем знаат дека неизоставно ќе плеснат во брегот и ќе се распрснат што и Господ не може да ги спои во две капки, ем севезден одново се стројат во недобројни колони и итаат, итаат токму кон брегот – како да се на светско првенство во упорност и тврдоглавост.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)