светски (прид.) - значење (имн.)

Подготовките во сиповската школа беа долготрајни, маратонски, мораше да се мине низ некаков дипломатски Рубикон за да се истрае во деликатните дипломатски мисии особено ако се работеше во соседна земја, во земја со светско значење или земја во значајна зона за тогашната југословенска политика, но и во економијата каква што беше зоната на Блискиот исток, Медитеранот и подалеку.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Предраг Матвејевиќ Домот на француските писатели, 4 март 1998 г., во Париз Луан Старова во романот Времето на козите не сака да создаде широка историска фреска затоа што многу писатели од светско значење, како што е на пример слу­чајот со рускиот писател Солжењицин, веќе ја претставиле тоталитарната епоха на комунизмот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)