свет (прид.) - писание (имн.)

Часословот е веќе сосем неупотреблив, мувлата ги зафатила и внатрешните листови; но затоа Светото Писание уште не си ја дослугало својата работа, иако се негде-годе дрпнати листови за бришење на бричот.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Соколе го засака особено за тоа што знаеше да се замеша во нивните расправања, кога толкуваа некое место од Светото Писание и гледаа да го сврзат со најновите тревожни настани.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Изутрината, само што попот Ставре го префрли епитрахилот преку рамо, а светите писанија му ги даде на епитропот, туку во црквата бапнаа растрчани робот Бошко и мајстор Миклош, Унгарецот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ако ја отворите Библијата, таму ќе ги најдете воскреснатите чеда Божји, меѓу редовите на светите писанија, во земјата своја библиска, како во пророчките сказанија.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ги воскресна, ги оживеа и ги врати назад во Библијата, во благословената земја нивна, стокмена меѓу редовите на Светото писание, зашто на земјата немаше место за нив, зашто земјата им ја испоганиле лажните богоугодници, милениците на мракот и темнината.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Веќе слушам глас. Дајте ми ја Книгата со Светото писание, крстот, шишенцето со светата вода и поскурникот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)