свеж (прид.) - цвеќе (имн.)

Урната на Пане Скендеров е на Мирогој. Велат дека таму секогаш има свежо цвеќе!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Главно зборуваше за својата голема тага, за тоа како ја будат среде сон гласовите на несреќата; го проколнуваше оној „кој му ја фрли смртта в прегратка“; но како што минуваше времето не забораваше да забележи дека нејзин Ролан таму горе сигурно е задоволен бидејќи на неговата могила секој ден осамнува свежо цвеќе.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Мајка ми плачеше со месеци на терасата на која баба ми го плетеше највкусниот кукурек на сите времиња.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Не забораваше исто така да напомене дека голем бил бројот на оние што го почитуваат.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)