санитарен (прид.) - депонија (имн.)

Во вечерните телевизиски вести беше даден опширен извештај за протестот на жителите од населбата Драчево и од околните села, кои бараа повторна ревизија на техничката исправност на санитарната депонија Дрисла.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
„А таму некаде, гледаш татко“, покажуваше накај заснежената Китка, „натаму е таа фамозна санитарна депонија Дрисла, спасувач на градот од ова чудовиште - Вардариште.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Како кај вас и кај нас голем проблем е немањето санитарна депонија, за што возрасните велат - проблемот уште долго не ќе се може да се разреши.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Прво: Надллежните органи и институции на градот да ги превземат сите потребни мерки за пуштање во работа на санитарната депонија „Дрисла“, а во исто време да ја затворат најцрната еколошка точка, дивата депонија „Вардариште“.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
„Всушност, јас мислам депонијата Дрисла, да речам попрецизно санитарната депонија Дрисла, онаа што е уште во пробна работа - нели? - не можела за толку кусо време да го уништи животинскиот и растителниот свет во реката, да речам рипчиња, ракчиња или што било во реката“, коментираше Ивана, цапајќи низ плитката вода.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
е) И на крајот две црни точки што се голем проблем на градот: немаме прописна санитарна депонија и немаме прочистителна станица за отпадни комунални и индустриски води.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)