самопрегорен (прид.) - посветен (имн.)

Во тој миг на победоносна визија и отпор, ќерката ја остварува својата морална независност – иако историскиот одговор на мајка ѝ, увеличен со алкохоличарската дементност на ликот и разгорен од нејзината шумоглава лишеност од секакво чувство за општествена умесност, лесно го потиснува во заден план искрениот и самозадоволен морализам на ќерка си. ‌Во Милдред Пирс, пак, токму одбивањето на ќерката морално да надмогне во расправијата, нејзиното одбивање на сите семејни вредности, ја прават толку неодоливо привлечна.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Таа е гласот на омразата кон средносталешкиот домаќинлак, кон женствената улога што се одликува со трудољубивост, одговорност, самопрегорна посветеност на семејството, па, наместо тоа, се решава за раскош, уживање, богатство, елегантност и ослободеност од задолжителните општествени стеги – онаа слобода што може да се купи само со пари.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)