саможртвен (прид.) - синдром (имн.)

- И ние на Балканот историските прекини ги надополнувавме со легендите, митовите... - дополнив, свесен дека се оддалечував од неговиот контекст.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Му раскажував за балканската легенда на вградената мајка во темелите на големите градби, како дел од саможртвениот синдром...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Татко сакаше да ја пишува Историјата на Балканот оти беше убеден дека таа треба во крајна линија да го смири балканскиот човек, да го помири со себеси и со другите, да се ослободи од саможртвениот синдром, од проклетството на делбите, границите. На Балканот имаше други Картагини и Палестини...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Беше сигурно оти во метафизичката стратегија на Мајка еден од клучевите ќе ја открие историјата на бравата на нашето отворање на првата врата во животот во егзил, а додека спасувањето на татковите книги ќе ја продолжи семејната историја.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)