сам (прид.) - нека (чест.)

- Не оди кај него, му велам, нека не те лаже, Не те вика тој за играње, му велам, не те води на арно место. Сам нека си игра, велам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Оној што предложил да се вратат, да му се покорат на претскажувањето, можел од помладите да биде закопан со мртвиот: сам нека се врати, со ластегарка ќе му помогнат да побрза.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ќе му ги дадам на Хрушчов, вели, па самиот нека пресуди.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Некој мршаво ги уверувал дека сето тоа е претсказание, дека не му се мили на господа. Другите останале тврдоглави.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Најпосле вечерва, налутен на Мариовците за Суљовиот неуспех, лошо и се закани: Ако и сега одбие, сама нека си го носи гревот. Ќе ја запалам жива да изгори.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)