сам (прид.) - свој (прид.)

Имаме упатување и непочитување, овој пат некамуфлирани во самото свое престорување, во однос на Leonardo; ова подбивно симнување на шапката пред стариот мајстор чиј што татко, Ser Piero, бил бележник, како и таткото на Marcel, и кој, како и тој, наоѓал задоволство во игрите на транссексуалност.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Му се чинеше дека поради таа горчина и презир, и тој, Савле, уште од самото свое обрежување започна да ги презира сите околу себе, а себеси секогаш да се смета за нешто повеќе.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Разликата меѓу овие две верзии на машката геј-култура може да се сфати во смисла на поширока разграниченост (иако, одново ќе кажам, нехерметичка) помеѓу културата и поткултурата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Второво во негеј- светот наоѓа претстави што може да се претворат во изрази на машкиот геј- субјективитет или чувство – со малку дотерување, ако мора – и кои им овозможуваат на геј- мажите имагинативно место за влез во некаква настрана утопија, некаде отаде виножитото, која не е сосема нивна творба.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Геј-писателите, уметниците, изведувачите и музичарите веќе подолго од еден век создаваат оригинална култура, иако многумина од нив морале да дејствуваат под покровот на хетеросексуалните теми, а само неколкумина, како Волт Витман, Андре Жид, Томас Ман, Марсел Пруст, Редклиф Хал, Жан Жене и Џејмс Болдвин, можеле експлицитно да се зафаќаат со геј-теми.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
За разлика од нив, дрегот, кампот и разните културни присвојувања и идентификации се, строго гледано, поткултурни практики, доколку се во зависен, вторичен сооднос со претходните негеј-културни облици на кои реагираат и на кои им го должат самото свое постоење – какви што се општествените норми за мажественоста и женственоста, сериозната професија политичар, автентичните идентитети и емоции, главнотековните ликови како Џуди Гарланд или Џоан Крафорд и главнотековните естетски или општествени практики, од операта, бродвејските мјузикли, сентименталните песни и популарната музика, до архитектурата, историското зачувување, цветното аранжирање, модата и стилот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тие зависат од веќе постојните културни облици, кои им даваат општествен авторитет и заштитна камуфлажа, па нив главнотековната култура лесно ги запоседнува, но претставуваат и значајни дострели на настраниот израз и животворни извори за обликување и за разработка на геј-идентитетот – речиси библии на геј-постоењето.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Стариот Елиот си беше сам свој „наемник“.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Две милји подолу од патеката од стариот Форт Евинг, тој се најде лице в лице со едно ужасно суштество, кое го викаа Кинг Џејмс,17 качено на застрашувачки бесен коњ од расите растени на Кентаки.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)