сам (прид.) - нивен (прид.)

Има случаи каде само овие две нивоа експлицитно се нацртани, но самото нивно присуство го повикува гледачот да се смета самиот себе за интегрален дел на некое трето, различно ниво.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Двата главни блока во секој број ќе бидат: претставување на значајна личност (Набоков, Пинчон, Дишан, Дерида... во првите броеви) преку интервјуа, критички текстови и преку самото нивно творештво.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Тогаш го доживувам вистинското враќање, заедничкото враќање на семејството, во расцутената Мајкина душа, во тие бујни јоргованови цветови, задржани пред самото нивно ширење, пред заминувањето кон небескиот свод.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)