сам (прид.) - наш (прид.)

Нам општествените премрежиња на самото наше постоење ни налагаат да играме улога што подразбира лажирање на сопствениот субјективитет. ‌Тие општествени услови имаат голема објаснителна моќ за појавите што ги проучувавме тука.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ја објаснува двојноста на геј-свеста, ја објаснува таа хиперсензитивност за вештачката природа на семиотичките системи – хиперсензитивност што толку видливо се изразува во кампот и која ја создава онаа особена артилерија од херменевтички техники што геј-мажите ги еволуирале за да ја разобличуваат лукавштината на општественото значење и за да ги извртуваат нејзините кодови и означители на иронични, софистицирани, пркосни, суштински театрални начини. 475 И затоа е благотворна за создавање на геј-културните облици и стилови со кои се запознавме. ‌Сѐ додека настрани деца се раѓаат во хетеросексуални семејства и во општество што е нормативно, поимски хетеросексуално и сѐ додека се и понатаму отуѓени од хетеронормативните општествени облици, ќе мораат самите да си осмислуваат сопствен нестандарден однос кон хетеросексуалната култура.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Долу, до под самите наши нозе, удираа малите бранчиња на езерото, тивката плима и осека.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Нас на субјективитет нѐ тера барањето да бидеме неавтентични.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Од најмали нозе, од многумина од нас се бара да се однесуваме на начини што се неусогласени со начинот на кој чувствуваме и со начинот на кој инстинктивно реагираме на воспоставениот општествен поредок.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Хетеросексуалната култура и понатаму е првата култура што ја доживуваме, а нашите субјективитети, нашите начини на чувствување и изразување, нашето чувство на различност мораат да се вообличуваат во контекстот и во рамката на хетеросексуалната култура. ‌Геј-мажите, како што напишал Сартр пред шеесет години, истовремено се служат со два различни референтни система.474 Тоа е така поради типичната општествена положба од која потекнува машкиот геј-субјективитет и во која машките геј-културни практики си го добиваат првобитниот облик: положбата во која растеш и те одгледуваат родители хетеросексуалци во нормативно и поимски, ако не и стварно, хетеросексуална средина.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ете и самиот наш претседател никогаш не ги демантира новинарите кога му се обраќаат: „Вие сте, господине претседателе, доктор на науки, историчар, книжевник...“
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Отприлика, „централниот“ збор на текстот, кантовско- деридијанскиот „парергон“, ние го прочитавме како „маргина“; освен тоа, и самото наше списание би сакале да може да се нарече „мултимедијално“, па макар и во една метафорична смисла (кога веќе немаме предуслови да го направиме буквално интерактивно).
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)