сам (прид.) - жена (имн.)

- Сите од селото - небаре една рода... сам сама жена ... црна кукавица... и камен би се сожалил, а не душа човечка.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Македонците ги истераа од домовите... Војна е!... А јас сама жена..
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Ама што можев јас сама жена наспроти пушки и ножови, наспроти животински страсти во човечки тела?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Го охрабруваше тоа што беше скоро сигурен дека дома евентуално ќе најде сама жена за која лесно ќе измисли прикаска.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Несама жена сум, сакал господ, со проштение.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Со 100 000 сами жени може да бидеш само швалер.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)