сам (прид.) - езеро (имн.)

Од тука гледа како од обете страни на езерото и во самото езеро кипи дива, нагла, страстна, непомирлива, слепа, отворена и смртна, бесна и упорна како неразуздана стихија - борба за живот и како што сѐ повеќе се разгорува омразата и пизмата.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ручаа во дворот под сенките на муренките, крај самото езеро, обградени со мрежите што се сушеа оптегнати на муренковите дрвја низ кои сонцето одвреме-навреме блеснуваше и се губеше; чуновите шлапкаа нишајќи се на бранчињата, а кога ќе подзапреа, ќе се чуеше џвакањето на полковниците, на кметот и учителот, како и гргорењето на виното во грлото.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Посебно, кога во последното писмо во кое го поставувате прашањето за душата, коешто јас некогаш им го поставував на моите родители за нејзиното постоење (во романот Атеистички музеј), се сеќавам на фрагментот што ми го испративте, препишан во младоста од книгата на германскиот филозоф од еврејско потекло Макс Пикар, Светот на тишината.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
И такво какво што го опишувате самото езеро што еден од вашите браќа го слика на ѕидот во вашиот нов дом крај реката Вардар во Скопје, се чини дека е обид да се оживее душата на езерото во новата татковина; и во истовреме, според нивните сугестии и коментари, се чувствува дека сите кои учествуваат во создавањето на новата фреска на ѕидот сакаат да ја видат во ова езеро татковината на нивната душа.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Значи, ова постоење на душата, би било недоволно да се рече дека вие имате потреба да верувате во неа зашто тоа што го изразувате во вашите текстови е повеќе од верување, тоа е повеќе убедување, произлезено од едно искуство, толку многу ви е близок дијалогот со еден духовен принцип кој преживува по принудното напуштање на една татковина, како и на еден духовен прекин со сушествата и предметите околу кои е конструиран вашиот живот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Занесени во нашите разговори, не ни забележавме дека Бреза, берејќи цвеќиња и разговарајќи со бубамарите, се спуштила до самото езеро.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Крај патот, којшто води од Струга за Охрид, покрај самото езеро, во една ливада имаше распнато многу зелени шатори.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Миризбата на првите јоргованови цутови која допираше до бреговите на самото Езеро, потем неколкуте стракови анамска рака, чии жолти цутови ја враќаа во младоста, будеа во неа силен копнеж по минатото, по своите заминати, далеку, засекогаш.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Татко, во семејната речиси инстинктивна стратегија, процени дека фашизмот не носи добро ниту за семејството ниту за земјата, па реши да ја минеме, ноќе, незабележано од сите, границата која беше невидливо означена на самото Езеро.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)