сам (прид.) - дејствие (имн.)

Методата на рекламното делување позната како “product placement” или “prod- uct tie-in” се состои во презентацијата на производот во еден филм или ТВ-серија, но така гледачите да немаат впечаток (да не знаат) дека станува збор за реклама, бидејќи појавувањето на производот е дел од самото дејствие на филмот!
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Па, каде се случува тоа? Верувале или не, во филмовите и ТВ-сериите.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Предностите над класичното огласување се бројни: 4 пред сѐ, постои мошне силна асоцијација и идентификација со изворот на пораката, т.е. со главниот актер или со самиот филм 4 за разлика од класичниот спот, филмот се доживува многу поемоционално, па и впечатокот е посилен 4 благодарејќи му на претходното, помнењето на производот е поголемо 4 можна е и поголема фреквенција на појавување на производот - може да се појави повеќе пати во филмот, кој, пак, може да се гледа неколку пати 4 кај светските филмски хитови станува збор за изложеност на производот пред огромен број гледачи, така што испаѓа дека цената за тоа е многу ниска.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)