сам (прид.) - време (имн.)

Во собата, несетено, повторно влезе Мајка, со изговор дека треба нешто да земе, а, всушност, сакаше да провери дали Татко с уште беше полетен во мислите, како изминатата пролет, на чардакот, кога цветаа јоргованите, а тој веруваше во посреќни денови за семејството, во цутењето на сиџилите, во цутењето на самото време.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Камилски, загледан во брзите води, заземајќи поза за да каже нешто значајно, филозофско, му рече на Татко: Што е животот, пријателе, зар не е самото време, што тече како водата на реката, а луѓето не престануваат да бидат заложници на нивното минато?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко во мигот ништо не одговори, и тој загледан во водата која брзо течеше под сводовите на стариот мост, но потоа тивко изусти: Водата во барата е запрена за да го чува времето!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
- Јазик, слобода, дух, непобитно е, дека феноменот на јазикот не може да се заобиколи, дека тој претставува апсолутна материја на поезијата, дека е стожер околу кој кружат и музичкото и ликовното и мисловното и духовното и самото време, најпосле.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Лежеше на дното под нискиот тавански покрив во кожата на самото време од прав и пајажина, долгнавест и подвалчест капак.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Потполна бесмисла доколку времето е една самоуништувачка категорија која се стреми кон Ништост, Ништост која го проголтува сѐ она што било, е и ќе биде.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ако времето не се сочувува, ако секој миг не е спасен во некаква форма, тогаш самото време е бесмислено, тогаш сѐ што се случува во времето (а сѐ што се случува е во времето) е бесмислено, и сѐ што некогаш било, што е, и што ќе биде, е потполна бесмисла.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Границата го подели вудве и самото време.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Акакиј Акакиевич мислеше, мислеше и реши дека ќе мора да ги намали вообичаените трошоци, најмалку во тек на една година; да се откаже од чајот за вечера, навечер да не пали свеќа, а ако е потребно нешто да се сработи, да појде во собата на газдарицата и таму да работи покрај нејзината свеќа; додека оди по улиците, да гази што е можно полесно по камењата и плочите, речиси напрсти, за да не се излитат пребрзо ѓоновите; што е можно поретко да ѝ ги дава на перачката валканите алишта, а за да не му се валкаат, секојпат кога ќе дојде дома да ги соблекува и да останува само во полупамучната облека, мошне дамнешна и поштедена дури и од самото време.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Се имаше впечаток дека некој сакал да го стави под клуч самото време.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Братот велеше дека тоа не е можно, зашто на стеб­ло­то се назначуваат имињата, а не и самото време, линијата на границата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Го прелистуваше речиси несвесно, небаре од него изле­гуваше самото време, времето на нејзината незаборав­на италијанска пролет.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)