сам (прид.) - тоа (зам.)

Со самото тоа не беше свршено ни со феудалната идеологија, што во Германија сѐ уште имаше доста свои поборници и бранители.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Ако сѐ она што ќе го направи човекот е природно, тогаш и пишувањето книги, како и нивното читање е природно,а со самото тоа и совршено.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Од таму, невозможноста повторно да се разгорат огновите од 68-та: да дојде до повторно преиспитување на науката во судирот со самата власт - експлозивните контрадикции меѓу знаењето и власта (или откривањето на нивното шурување, што се сведува на исто) на универзитетот, а со самото тоа, со симболичната (повеќе отколку политичка) зараза, во севкупниот институционален и општествен поредок.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Не мислам само со мене: мислам самото тоа како такво?“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тоа значеше нешто посебно, иако никоја од жените тоа посебно не можеше да го дефинира во конкретно сознание, но беше важно со самото тоа дека таквиот статус ги охрабруваше „типките”, како што Илона ги нарекуваше своите „колешки” од другите соби, да бидат сигурни во контактите и договарањата со неа.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Со страв очекуваното вжештување на жолтата боја во чиј сјај просто не можев да гледам стана сеќавање со самото тоа што тоа заслепување го очекував.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Со самото тоа, сите вредности беа поместени.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Непознатиот... не е филм што ми го предложија, туку роман што сам го избрав.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Како самото тоа да може да донесе нешто слично и во нашата куќа.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Со самото тоа што до ден-денешен многу народ ја памети песната (Шарам- барам, лево-десно, овде онде ми е тесно) може да се тврди дека таа беше и најуспешен сегмент на овој серијал.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Се разбира, не го сторив делото што од мене се бараше, иако уката на Лествичникот за криење на украдени нешта сосем го згрози срцето мое и ми ја извалка душата, со самото тоа што ја слушнав.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Истовремено, со самото тоа што ја засака неа, па еве таа стана и мајка на неговото дете, значи дека тој не е опседнат со сето што се наоѓало во тие мрачни умови.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
На ќерките на таа граѓанска самосвест, значи на законските ќерки на граѓанската, а со тоа и женска еманципација на ова наше столетие, на жените ослободени од стегите на патријархалниот морал и обврските спрема нацијата односно државата, но со самото тоа меѓутоа повеќе свесни за социјалното и политичко значење на својот пол, на таквите жени нешто такво какво што е Херцеговецот од вицот никако не може да им се случи. 28 okno.mk
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Но секогаш може да се најде таков круг на луѓе, за кои безначајното во очите на другите со самото тоа е веќе значајно.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)