руски (прид.) - народ (имн.)

Ослободените „братушки” сега не сакаат да си ги признаат своите грешки; ете зошто изјавуваат дека тие се сите русофили, и дека го милуваат рускиот народ, но не ја милуваат руската влада, која не ги изразувала народните чувства кон Македонците и негативно се однесувала кон секоја искажана од народот симпатија кон нив.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Може дури да се гарантира дека секој, сакајќи им мир на своите деца и роднини, и ним ќе им влева почитување за мислењето што господари и, на тој начин, благодетните последици на таа преземена мера ќе се одразат не само врз современиците, но дури и врз најдалечното потомство.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Нечистите христијански побуди ја натерале Русија (царизмот се двои од рускиот народ, што и самиот страдал како македонскиот) да ја ослободи Бугарија, да го помага ослободувањето на Романија, Србија и Грција, а чисто за чисто задоволувачките интереси.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Јосиф Висарионович му се појави на рускиот народ како демиург кој потекнуваше од друг народ (грузискиот), за да го оствари божјиот сон на мистична Русија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Познавајќи го човековото срце и коренитите особини на рускиот народ можам со целосна сигурност да гарантирам за правичноста на сите мои заклучоци.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)