рус (прид.) - плетенка (имн.)

Со црвени кордели на русите плетенки, со кусо ѕвонесто здолниште во сите бои на едно ромско клопче, таа уште и дрнкаше на гитара со голи коленца едно врз друго, па немаше друштво што можеше без неа и немаше веселба без таа да е прва, макар што во учењето не се истакнуваше толку и добиваше преодни оценки благодарение на својот умилен изглед.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Девојките, оние што пред тоа се колнеа со машка горчливост дека на Кукулино ќе му ги свртат русите плетенки и ќе отидат далеку, во Германија и во Шведска, како слугинки или болничарки, ги поткренаа градите и се стегнаа: старите погодуваа дека тие ноќе ги сонуваат тешките раце на вдовецот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Па се оддалечи одејќи назачки и губејќи се во тревата, додека во погледот му остана на студентката со растурените скрипти околу голите колена туку девојчето со црвени корделки на русите плетенки и кусото ѕвонесто здолниште во сите бои на божилакот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)