росен (прид.) - капка (имн.)

А јас - што сум сторила? - Предвреме сум се загледала во очите - длабоки вирови - и бликнаа солзи, чиниш, росна капка за секоја планинска темјанушка.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
- Леле, викам, ми отиде и Роса, росната капка моја.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Росните капки, попрскани по тревата и буковите лисја, блештеа и се преливаа во безброј рубинови нијанси.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Влажните росни капки, посипани со зелената и сочна трева, почнаа да блескаат како бели бисерни зрна.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)