романски (прид.) - јазик (имн.)

Како некогашен сорбонски дипломец, одличен познавач на францускиот, шпанскиот и другите романски јазици, тој, всушност, не се прокламираше како застапник на чистењето од опасните турцизми, туку едноставно бараше патишта како да се обезбеди иднината на потомците, како да се обезбеди најдобриот можен систем на нивното воспитување, да се формираат нивните карактери во неизвесните и секогаш променливи балкански времиња, како да живеат со јасен и здрав јазик, без нагризувачки примеси од минатото.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Романскиот јазик (со своите разграноци: ароманскиот, мегленороманскиот и истророманскиот) припаѓа на романскиот разгранок, кој припаѓа на поголемиот разгранок на романските јазици (како италијанскиот, францускиот и шпанскиот јазик).
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Романската влада ќе бара за Власите романски јазик, а Патријаршијата со видните парохијани ќе бараат грчки.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)