роднински (прид.) - врска (имн.)

Никогаш до крај не ѝ беа јасни тие роднински врски.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И така, во седумдесеттите години на дваесеттиот век, според неговите процени, не постоеше никаква опасност, ни за него ни за семејството, да ни ја открие нам, на неговите деца, некои веќе возрасни, тајната за роднинските врски со Фатхи-беј Окијар, да ни ја открие тајната на својата цариградска младост и, конечно, да ни проговори за средбата со Ататурк.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
На помош од Зета, поради роднинските врски му пристигнал синот на владетелот на Зета Константин Бодин а и војсководителот Петрило.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)