роден (прид.) - мајка (имн.)

И враќањето за спасениот од смртта, било нова казна, кога тој повеќе не можел да си ја познае ниту родената мајка, љубената, децата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Бев навредена зошто учителите да знаат дека сум сирак, напротив сакав сите да знаат дека имам родена мајка како и другите деца, многу сакав и јас да имам мајка, а не да бидам сираче и сите да ме сожалуваат.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Твојата родена мајка!“. младичот пробледе: „Молам?“.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Но, какво право имав јас, која дојде на свет дури по 63 години откако била родена баба ми, 40 години откако била родена тетка ми, 30 години откако била родена мајка ми и 10 години откако е роден брат ми, да ги обелоденува овие работи?
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Се носеа под директива: да ги потсетуваат децата на нивните родени мајки.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
МИШКО: Таткото Дима некогаш рекол дека никој не е толку во право како жената која ја љубиме па макар била и нашата родена мајка.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Таа, со голема тежина во душата, уште еднаш се присеќаваше на мртвите од телеграмите- некролози кои не престануваше да ги добива, се пресели во времето на својот татко, кого не го виде уште од времето на свршувачката, се сети на својата родна мајка, која не ја виде никогаш.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Јас ја прегрнував како родна мајка, ја прегрнував како нешто - најмило во животот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)