римски (прид.) - пат (имн.)

Покрај западниот лак, низ неколку мали усеци, ги отсекува од неговиот почеток, кој е свртен нанадвор, минува железничката линија Скопје - Битола - Солун, а покрај источниот - Битолско Џаде, кое, пак, не е ништо друго туку осовременет некогашниот римски пат од Стоби за Хераклеа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Вратите на градот преку кои се влегуваше во балканска Европа и преку римскиот пат Виа Егнација, се стигнуваше преку Цариград до Индија, беа обраснати во бурјан.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Границата требаше да мине и низ нашата градина и низ семејниот праг, бел мермерен камен, донесен од блискиот медитерански, римски пат Виа Егнација, на чиј еден дел крај езерото предци од семејството биле некогашни чувари.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)