редок (прид.) - случај (имн.)

И на масата од даскалот Бино секојпат се наоѓаа по две три врбови шарени прачки, донесени од одлични ученици, и не беше редок случај да имаат тие работа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тој ќе нагласи дека “секој Словенски жител на Грција кој се бори против Грците се именува како комитиаџи т.е. бугарски “комита“, што е многу редок случај, како што многу Грци, вклучувајќи ги и образованите, кои би требало да знаат подобро, ги нарекуваат сите грчки славофони „Бугари што тие не се“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Тоа беше еден од ретките случаи кога правната држава профункционира и тоа на штета на трпеливиот. Колатерална штета јебига.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Кога набави звучна камера за ролна од 35 минути, филмовите од периодот 1965-66 имаа траење одредено од техничките можности на апаратурата: точно 35 минути (една ролна), 70 минути (две ролни) или 105 минути (три ролни).
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Монтажната постапка е сведена на спојување на ролните, и во ретки случаи на нивно одбирање.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Навистина многу, многу редок случај, неочекувано врате­ниот емигрант.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
А ова последново го обврзува законодавецот да формулира прецизни, недвосмислени и јасни правни норми – бидејќи само таквите норми можат да претставуваат солидна основа за законито постапување од страна на судските органи. 11.  Одредбите на овој Закон кои се однесуваат на постапката за мирно решавање на работните спорови почнаа да се применуваат од 1 јануари 2008.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Овој Закон досега [јуни 2011] сѐ уште ниту еднаш не е изменет и дополнет, што е навистина редок случај во проблематиката на работните односи во РМ. 26 сите видови спорови кои, евентуално, можат да произлезат од комплексот на работните односи.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
- Тоа сигурно се ретки случаи, - рече Марија, носејќи го свареното кафе.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Да се отиде првпат во села кои досега останале неограбени, тоа е редок случај.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Само понекогаш, во некои ретки случаи, мајка ми „му ги замрсува сметките“, со тоа што ќе му даде скришум некој ишарет, како што тој вели, што обично ги изменува неговите одлуки во моја корист.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Овој Закон досега (март 2010) сè уште ниту еднаш не е изменет и дополнет, што е навистина редок случај во проблематиката на работните односи во РМ. 2.  ЗМРРС (2007) го користи неиздржаниот термин „страни“, наместо попрецизниот „странки“ – бидејќи, всушност, станува збор за процесен (формалноправен) однос по повод настанат спор. 145 и (б) при неисплата на најниската плата.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Не затоа зашто сум била да речеме неприемлива за неговите резони, како што тој тврдеше, туку еноставно затоа зашто од тоа здание и од таа градина, секој ден како од некоја пештера излегуваа на јаве чудни, неверојатни приказни, во кои понекогаш се замешуваа и смртни случаи, па и цели семејни трагедии, а не беше редок случај, помеѓу сите тие приказни, да прошетаат и имиња на видни граѓани.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)