редок (прид.) - коса (имн.)

Но, и покрај тоа што има бабурест нос и ретка коса, наставничката Рада е чувствителна душа, љубителка на убавината, па нејзината, и така добронамерна строгост, бргу се стопи: - Браво!
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Пробелените ретки коси на неговата глава го обележуваат тој долг пат изминат во служба на науката.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
По една година таа се омажи за висок, сув Рус со весели очи и ретка коса.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Неразбирливо беше зошто со два прста го врти перчето на својата безбојна и ретка коса под која се гледаше светкаво теме.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)