редок (прид.) - брада (имн.)

Тогаш дојде со големи чекори од зад куќата див човек а со шепа држеше шепа на голо, збрчкано, пискотливо чудо: ситно и бушаво старче на долги гаќи, босо и со раменици на кои не можеше да се потпре ни петгодишно дете: на изгребаното лице со ретка брада подзинуваше и се склопуваше на рибји начин празна уста. Падна на коленици.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Затоа жена му не нѐ поканува. А гладен сум, ми се спие.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во своите мисли Арсо си го беше оформил неговиот лик: некакво исушено суштество, измршавено лице, обраснато со ретка брада, над неа се покажуваат јаболчните коски.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
2 Според подоцнежното раскажување на кукулинецот Лозан Перуника* (значи по седумдесет и осум години од настанот, кога тој веќе бил на прагот на своето столетие, поточно - според записите на некој калуѓер од илјада деветстотини и тринаесеттата година, кога веќе се гризеле со оган и челик под знамиња на лав или двоглав орел и атакувале едни на други преку полумртви села и градови во прашина, во чад и во треска бугарските дивизии на генералите Тошев, Ковачев и Иванов и српските дивизии од Првата, Втората и Третата армија на престолонаследникот Александар и на генералите Степановиќ и Јанковиќ, и едните и другите, мобилизирајќи ги македонските голтари од вардарскиот, пиринскиот и егејскиот дел на својот вилает да пукаат едни во други**, додавајќи му ги на тој хаос и грчките војски, сите три крунисани влади на тие армии во алчна агонија да лапнат по еден залак од Македонија), во она време големоглавиот и бабуњосан Адам Леновец им раскажувал на неколцина од дружината дека попчето што го мердале ноќе во Лесново не се занесувало толку по идејата на грчката Патријаршија за една голема и од Зевс или Саваот благословена Елада, тој неграмотник со ретка брада можеби за тоа и не знаел, колку што сакал да ги завлече прстите со многу топчести ковчиња под ленената кошула на Фиданка Кукникова; каменоделците по ден, најчесто пред своите жени со загатливо сомневање под клепките, ја проколнувале и ја пцуеле убавицата со дамки, со тие златни очи на страст и копнеж по милување, а ноќе станувале од постелите на своите жени, божем во дворот ќе шопаат широко расчекорени и без воздишки по она што пред тоа го сонувале, всушност како лилјаци ја облетувале Фиданкината куќа со еден прозорец под бушавиот сламен покрив и со напукнат оџак; жените веќе нешто знаеле за ноќната лилјачка игра на своите мустаќести балами и со дукат го наговарале попот да се преправи во козинав врколак и да внесе страв во селото; ама и на попот, како што раскажувале, не му висел под папок суџук од мелено козјо месо; и тој станувал бабачко кога ќе се сетел какви тајни си криеле жените под кошулите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Нема извори на живот. Животот е извор што се пие себеси.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Flagellum Dei, Јас, Атила, Малиот татко на Хуните, дојдов да ги растресам сите народи, да ги бичувам сите земји и сите мориња и брегови, да ги спепелам сите градови, да ги разурнам сите мостови, да ги уништам сите семиња и плодови, да ги убијам сите жени - од мојата Ата почнувајќи...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Јас, Атила, снизок и со голема глава, со ситни очи, со ретка брада и со сплескан нос, не знам ни да читам ни да пишувам, но војните, ограбувањето и огнот - многу ги сакам.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)