револуционерен (прид.) - дејност (имн.)

И ова ми е некоја револуционерна дејност, вели Оливера.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Револуционерната дејност е привремена и разрушувачка, а не вечна, соѕидувачка.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Гемиџиите сметале дека, по она што се случило во Солун, власта нема да ослободи никого во кого се сомнева дека се занимавал со револуционерна дејност.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Илија не завршил средно образование, а за прикривање на својата револуционерна дејност во Велес и во Солун работел како чевлар.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Еве сега тие комитети ја прошириле својата револуционерна дејност и во Солун.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
За нивните карактерни особини, па и за нивната револуционерна дејност, се знае благодарејки на спомените што ги оставиле преживеаните гемиџии Павел Шатев и Тодор Органџиев особено првиот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)