револуционерен (прид.) - движење (имн.)

137. Ете зошто, прашањето кое наречје треба да биде општ литературен јазик за Македонците и Бугарите, ако првите и за напред ќе се викаат Бугари, коешто прашање сега не се поставува на дневен ред, зашто умовите на сите Македонци сега им се зафатени со револуционерното движење, еден ден неминовно и без други причини ќе поведе кон едно расцепување меѓу Бугарија и Македонија, со создавањето од страна на последнава свој литературен јазик.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
94. Организираното револуционерно движење во Македонија има знатно подолга историја и започнува всушност уште во 60-тите години од XIX век, коешто изведе и масовни востанија (Разловечкото во 1876 и Кресненското во 1878 год.) што станаа одредници во новата македонска историја, но Мисирков има полно право кога образувањето на најмоќната организирана револуционерна сила во земјата – ТМОРО – ја поврзува непосредно со македонските интелектуалци што учествуваа во тие бегства од Македонија во Белград и во Софија и во акциите особено во Бугарија на самиот почеток на последната деценија од минатиот век.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Затоа и револуционерното движење првин им се спротивстави на пропагандите, па потоа на Турција.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Меѓутоа, првиот процес уште не беше завршен кога беа преземени сите мерки и беа употребени сите средства за да биде смислено скршнат и разнебитен од заинтересираните соседни држави, а револуционерното движење се појави дури откако националистичките пропаганди почнаа да го цепкаат народот и да го задушуваат токму тој процес на национално осознавање.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Досега работеше народот со интелигенцијата; задружно, но работењето беше распределено нееднакво: народот се јавуваше исполнувач на плановите на интелигенцијата, кога последнава не правеше ништо повеќе од составување планови или организирање револуционерно движење.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Се разбира, за него сите учители и побудните и заможни граѓани претставувале опасност за Царството: првите како главни раководители на револуционерното движење, а вторите ги сметал за материјална потпора на истото.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Да стојат со скрстени раце во моментот кога вестите за ширењето и буењето на револуционерното движење се слевале во Солун и во Цариград од цела Македонија, било невозможно.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Небудноста и неспособноста особено ги изненадиле дипломатските претставници и воопшто странците коишто знаеле дека цела Македонија врие како во котел, и како сурово се пресметнувале органите на власта со македонските селани, затоа што овие му припаѓале на револуционерното движење, а најчесто само затоа што властите се сомневале во тоа.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
55 Гемиџиите имале крајно неповолно мислење за новиот ЦК и го сметале како пречка за развојот на револуционерното движење.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Отишол и во Врховниот комитет, каде што Сарафов го прифатил неговото сфаќање за опасноста што ја криело револуционерното движење на Македонија за интересите на великобугарската кауза во Македонија и му ветил дека Комитетот ќе направи сѐ за да се постигне „согласност" со Револуционерната организација.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
На оној дел од јавното мислење кај кое настаните во Македонија и положбата во која се нашло христијанското население предизвикувале сочувство и критика на политиката што ја воделе владите спрема македонското прашање, требало да му се каже, за да се неутрализира, дека револуционерното движење „не заслужило“ повеќе.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Тој се трудел до максимум да ги исползува солунските атентати заради компромитирање на револуционерното движење.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)