реален (прид.) - живот (имн.)

Исто така, еден вид театар, сличен на хепенингот, претставува музиката во која е тргната границата меѓу изведувачот и слушателот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Освен веќе споменатите дела, негова најчиста работа во тој домен е Театарскиот чин (1960), за 1-8 изведувачи, кој предвидува низа пропозиции кои наликуваат на игра (играта секогаш има општествен карактер!) низ која изведувачите треба да одберат работи кои потоа ќе ги фиксираат како улога, но така што улогата го отсликува нивниот статус во реалниот живот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тоа посебно се однесува на неговото сѐ поголемо ангажирање во решавањето на општествените проблеми што сѐ повеќе го одвлекуваше кон театарот кадешто сите работи се случуваат одеднаш.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Како задолжена за неговата врева во животот, Мајка влегуваше во библиотеката без некој поголем повод, водена од грижата во нејзината потсвест, за да си го врати мажа си, од тишината, во реалниот живот, во секојдневието на семејството.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Зошто во реалниот живот, гордоста, омразата, болката, неверствата се посилни од љубовта.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
А ,болката не умира, уништува, гори, претвора во пепел.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Со оваа студија се покри големата празнина којашто беше воочена во оваа, досега ретко истражувана проблематика, но истовремено се демистифицираше и тоа дека, во реалниот живот, работ- ниците се соочуваат со притисоци од секаков вид за молчешкум да го трпат кршењето на своите права и да не организираат штрајк, со цел да стават крај на таа експлоататорска практика.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Не само што не може да се излезе од него, туку и во него, како и во реалниот живот, ништо не може да промени, нешто невидливо ја турка од едно страдање во друго.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
За разлика од татка, којшто за реалниот живот повеќе учеше од одбраните книги, Чанга го откриваше тој живот низ судирите со него.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Другата доминантна тема–идеја во романот, која произлегува од претходната, е, всушност, самиот феномен на козите што се наложува и од еден антрополошки аспект при што авторот, натаму, низ својата сугестивна моќ, а никогаш експлицитно, и соочува со релацијата на човечките законитости кон светот на реалниот живот, што значи дека без кози, ќе нема млеко, ќе има недостиг на храна, ќе настапи глад итн.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ја слушам мама нешто ми зборува и тоа ме враќа во мојот реален живот.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
И јас да летнам некаде далеку - колку да поминат овие небидници што ми се струполиле, колку да се заборават сите афери - па да се вратам - а мама и тато пак да имаат доверба во мене...
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Домот не е само засолниште, туку и место за комуникација во коешто можете да дефинирате барем некои правила и да се чувствувате безбедно. okno.mk 21 Инаку концептот за дом не би имал таков успех во програмите како Hyperkard и на Web, како и во IRL (во реалниот живот) - како сигурно место на кое можете да му се вратите.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)