рајски (прид.) - градина (имн.)

Па, како што гледаш, можностите се бескрајни како криви патеки во некоја голема и прекрасна рајска градина”.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Младенец как Ангел прехарен младенец, Ти прва си рожба, ти мајци првенец, И чиста пречиста душа ти невина, Как Анегл небесен во рајска градина.
„Пeсни“ од Рајко Жинзифов (1863)
Му зборува за рајот, за рајските градини полни со прекрасни цвеќиња, дрвја, птици, реки, предели...
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Едни ја викаа „Невена рајска градина“, други „Невен-Невена“.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Продолжи понатаму по тротоарот, низ турканицата од луѓе, зад низата продавачи нанижани по работ на тротоарот и чиниш ниеден Грк туку сите надничари од посткомунистичките земји во транзиција коишто овде, долж тротоарот се чувствуваат како во малокриминалистичка рајска градина...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
- Се наоѓаат во кафешантан, прегрнуваат девојки, во рајски градини се.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Гласот на спикерот никако да попушти: – Кога ќе ги уништиме козите, ќе ни цутат полиња, горите, ќе се ослободи невидена енергија, земјата ќе ја претвориме во рајска градина.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Обидот да се влезе низ металната ограда на менталната поставеност ги истисна надежите на Јужнососедството дека ќе допрат, до рајската градина на едноумието на Македонистите...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Нашите научници ја открија формулата како да се слева светлината од сите страни во нашата рајска градина на комунизмот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Желките најверојатно со голема надеж ја чекаат пролетта за да се вратат во нашата рајска градина, продолжуваше мајка ми да ја кити својата ведра тема.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)