рачен (прид.) - часовник (имн.)

Се погледнувавме и не знаевме како да реагираме!?
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Сепак, за еден таков празник на сите три ни купи рачни часовници.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Не му излегува од глава на чистачот на чевли на Plaza de Armas сликата на љубовниот занес на папагалите што утринава ја виде во градината зад катедралата во центарот на Лима (му дојде да ја запее онаа македонската: пилето ми пее рано насабајле, ама не ги знаеше зборовите) сетуку погледнуваше на евтиниот рачен часовник од погледот му се цедеше ту меланхолија, ту нервоза оти навистина не му беше јасно зошто денеска доцни на редовното чистење чевли господинот Хозе Марио Педро Варгас Љоса - сетики се сеќавате, тоа е оној господин со убав шешир и уште поубави очи, оној што прв го виде лудакот на балконот со жалузини над крчмата Катедрала во центарот на градот, оној што се давеше во чича и папсуваше од vals peruano кога ќе почнеа веселите карневали во Лима која веќе ја нема.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Човекот во сина облека погледна во својот рачен часовник и потоа го свитка весникот.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Но неколку години подоцна, кога се разведуваа, таа му рече дека кога биле кај златарот да купат венчални прстени, таа се издвоила за момент додека тој ја проценувал вредноста на двата прстени и незабележливо, земала еден рачен часовник. Оваа девојка беше голема убавица. okno.mk | Margina #11-12 [1994] 185
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Некои племиња во Сибир трампаат неколку овци за една печурка amanita muscaria и ја користат како оргијско средство.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Таа му вети на својот иден маж дека никогаш повеќе нема ништо да украде.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Човекот во сина облека погледна во својот рачен часовник и потоа го свитка весникот.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Дури и не сакаше да се мрдне за да погледне во својот рачен часовник и да види колку е часот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Рече: „Ана веќе нѐ чека.“ Се свртев кон ѕидот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ја крена раката но не одмавна – раката се запре пред лицето, не од некоја помисла за смислата и бесмислата, туку затоа што се загледа во својот рачен часовник.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Не оставајќи ѝ време да реагира, ја повлече со левата рака, а десната ѝ ја стави околу вратот и му викна на Сатурн Волшебникот: – Одете си! Сатурн побегна избезумен.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ја погледна Херкулина. Таа го искористи моментот за да покаже кон својот рачен часовник и да го потсети дека времето за посета истекло.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Можам да разберам само дека некој некому межу нив му продава рачен часовник.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
О'Брајан повторно погледна во рачниот часовник.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во тој момент О'Брајан погледна на својот рачен часовник, виде дека е речиси единаесет нула нула и очигледно реши да остане во Одделот за документација додека да завршат Двете минути омраза.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тој погледна на својот рачен часовник.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Претседателот на Дисциплинската комисија не е пушач, има намрштено лице и видливо нестрплив поради што често го проверува времето на својот рачен часовник.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Го слушаше својот рачен часовник на зглобот како отчукува но само напола свесен за тоа.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
„Што се случува сега?“ ја запраша следната куќа, гледајќи во рачниот часовник.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Пет минути, помисли тој. Времето истечува...неговиот рачен часовник... тркало во тркало... малото тркало завртено од... големото тркало придвижено од...пат сред...четири минути!... луѓето се сместуваат во ракетата од овој миг, капсулата, контролната табла засвети како Божиќна ноќ...
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Едно попладне појдов до чаршијата да го поправам рачниот часовник, подарок од татко ми за матурата.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
И баш во новово време кога тешко се наоѓаат пристаништа за мирно да впловиш барем во сопствените спомени, помладите колеги на работа ми подарија рачен часовник.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
На времето, на трудбениците кога ќе наполнеа десет години стаж во кое и да е претпријатие им подаруваа рачен часовник со изгравирана благодарност за несебичното залагање и личниот придонес кон напредокот на претпријатието и на државата.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
На времето, се згоди секаде да работам по девет години и така ја испуштив историската шанса да добијам на подарок рачен часовник со изгравирана благодарност.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Носеше црвени тренерки и црвени патики. На левата рака имаше огромен спортски рачен часовник. Му се насмевна со големите бели заби.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Дедо ми барем беше сенилен кога еднаш, во 15:00 го помести часовникот два часа понапред, за што побрзо да ги слуша вестите во 17:00. * Запис пронајден во рачен часовник
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)