рачен (прид.) - граната (имн.)

Затоа јас денес и утре и некој ден повеќе, ќе ве научам да стрелате или ако сакате да убивате, а други ќе ве научат да се криете, да фрлате рачни гранати, да трчате, да поздравувате и отпоздравувате војнички, да копате ровови, да преврзувате рани.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Со рачни гранати!!! - извика командантот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ненадејни рафали и експлозии на рачни гранати.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Го сакаа и затоа што за време на тешките маршеви тој се наоѓаше секогаш до нив и одеше пеш, лично ја проверуваше преодноста на патот, прв загазуваше во студената вода и секогаш ги бодреше мародерите, а на оние на кои им беше најтешко, не еднаш им го даваше коњот за да го товарат оружјето и тешките ранци наполнети со фишеци и рачни гранати.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ја фрли едната рачна граната и во мигот кога сакаше да ја фрли втората, пред него избувна црнина, го облеа топол воздух, во ушите заѕвонија стотици ѕвона.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Значи во 23 часот ќе почне нашиот напад- јуриш на Гинова со единици на 16-та дивизија, кои во целосна тишина, со ползење се доближуваат до целта и во договореното време со изненадувачки скок и со употреба на рачни гранати, нож, штик и тупаници, а ако има потреба и со панцерфауст, се нафрлуваат врз противникот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ги гонат рачни гранати, кратки автоматски рафали и врисоците на ранетите.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Долги митралески рафали и трештење на рачни гранати.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Го прескокна ранетиот, зеде две рачни гранати од еден убиен и, легнувајќи во ровот, без да гледа, ги фрли.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Пред бункерот експлодираат рачни гранати.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Сандаците со патроните, мините и рачните гранати допираат, гребат, удираат на карпата, шараат по неа, се тријат, тропаат.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тенкот, подморницата, торпедото и митралезот, па дури и обичната пушка и рачната граната, се сѐ уште во употреба.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На деветнаесет години изумил рачна граната што била усвоена од Министерствто на мирот и која, на своето прво испробување, убила триесет и еден евразиски затвореник во една единствена експлозија.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
— Свири, ѝ вели на жената, оти бомба држам в раце... Рачна граната, вели.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Како и секој ден, на истото место и во истото време тој ден вежбавме фрлање рачни гранати, потоа напад на ровови и бункери.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Пушки, митралези, автомати, рачни гранати беа складирани во еден тунел и чекаа и во нивното чекање ние растевме и учевме војна.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)