расфрлен (прид.) - парче (имн.)

Ретките дрвени крстови без име и презиме набрзина вкопани врз тие кои загинаа во нерамните битки на тригодишната крвава војна - изгнија, со земјата се израмнија поединечните и масовните гробови таму каде денес побрзо можеш да се сопнеш од расфрлените парчиња од бомби, гранати и куршуми, од испокршените надгробни плочи и крстови, од остатоците од темелите на нашите куќи.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Од некакви расфрлени парчиња на свеста како од туѓо искинато писмо составувам внимателно, речиси со страст, непознат лик.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
И ми се чинеше дека истото прашање го поставуваат за човекот што стоеше под бандерата сите оние од котлината на смртта од истурените шатори, оние што со наведнат поглед погледнуваа накај столбот, носејќи ги на врвот големите камења по патеката со расфрлени парчиња бодликава жица, тапкајќи по неа со боси стапала, и оние кои папсани ги трпеа ударите со кундаци и челични камшици.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И им го раскажал крајот на настаните од времето на Проказниковата дружина: ако преживее, ќе испече брав и ќе ја прослави победата, потоа ќе седне во манастирска ќелија и, одржувајќи го животот со танко, селско винце, ќе ја доиспише историјата од онаа илјада осумстотини триесет и петта година: како со децении да собирал искинати и расфрлени парчиња од писмо, некако сепак го дознал крајот на настанот по смртта на Лозан Перуника што се простил од писмениот човек во мантија во времето на Балканските војни ...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Пред почнувањето на борбите додека побратимите му помагале да го избрише со крпа мотоциклот од прав и црно масло, попот ги помолил да ја чуваат неговата торба со историски записи а за ежот ќе се погрижи самиот: ќе загине Доситеј, ќе остане Армодиј Давидовски да го спасува светот од змии и глувци и да тагува по својот набожен доброчинител.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)