растреперен (прид.) - пламенче (имн.)

Кога падна мракот, долу, под Камна, се појавија мали растреперени пламенчиња.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Татко пушеше цигара по цигара, дедо со растреперена рака сакаше да го припали чибукот, баба со рацете скрстени на скутот, се нишаше напред-назад, мајка со образот потпрен врз десната рака, гледаше во растрепереното пламенче на ламбата.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)