распуштен (прид.) - коса (имн.)

- Фиданке, дојдов. Штама, во селото како да немало пци. И пак извик. Погласен. (А ти, Арсо, начека село без кучиња!)
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тој чекорел во свечена осаменост на обред во кој се кадат со темјан слабушкавите за битка, всушност не ги подавал рацете кон копнежи туку со здив, со чело, со врелина во врвовите на прстите џбарал слободен простор по чии невидливи врвици можело да се стаса до златни бранови на 'ржено море а во нивната лелеавост да се живее и да се чека на доаѓањето на русалките и девојките; со нив ќе е и таа, Ганка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Густата, распуштена коса и го обвива голиот врат во пламени јазици, робата што и паѓа речиси до босите стопала се чини исткаена од косата, во златниот отсјај од огнениот танц. – Ние сме... како византиски Ромео и Јулија – пелтечам.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Две поднадуени жени, едната од нив со долги распуштени коси, беа грабнале едно исто тенџере и го влечеа секоја на своја страна.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ја испуштив патната торба и се здрвив. Тогаш се отвори земјата и пред да ме голтне со ѓонот в раце и главата крената горе кон мајсторот, убаво слушнав женски глас и стигнав уште да ја замислам жената како со распуштени коси седи на масичката под препарираната мечкина глава и неопитно липа во првата вдовичка ноќ. okno.mk 79 80 okno.mk
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
И веќе не знаел и не можел да види дали таа дошла до прозорецот, дали ѝ се распуштени косите како густ злотопад над соголените раменици, дали ги кршела прстите преплашено.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Таа е ...“) грлена и гласна, со распуштени коси и со подадени раце кон неговите раце; ќе се најдат и ќе се јазат по ѕвездена пајажина кон спокојство и тишина во која, најпосле, се разговара со очи и со допири.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)