ран (прид.) - зора (имн.)

Ергените, од секое домаќинство по еден, токму оној што се замомчил и требаше да се покаже, или оној што требаше да избере и да биде избран од некоја од момите, за наесен кога ќе започнеше мрсот, да се ќердосаат, дотука вода во калта, искусните домаќинки, за радост на бабите и децата, поседнати наоколу, ги виткаа црепните, сосетките одговараа: - Не ми се криви нозете, не ми е земја грутлива, туку ми лудо намигна, туку ми умот поштукна, зато ми се црепни - црепутки. - Ихии!...
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Уште од рани зори момите и невестите, засукани високо над колена, ја газеа калта, притоа низ песни им дофрлаа на сосетките: Нашите црепни најлични, вашите црпни - црепутки Митро ле, моме најлично, али ти земја грутлива, али ти криви нозете, што ти се црепни - црепутки? - Ихиии!...
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ама пред тоа мене да ми земете метро - по должина и ширина и најдете ми добро, проветриво место, со широк поглед во далнина и висина, на врв рид, каде ветерот на зајдисонце меѓу дрвја и лисје приспивни песни ќе ми свири, во рани зори славеј ќе ме буди и дождец во спарни долги лета ќе ме лади...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Изрипа рането Јаким и ги стегна силно градите, ги задржа солзите - сакаше да го гледа во далечината бродот, што пореше со Божина милиот побратим, со кого ергенуваше и во рани зори ги будеше со својот писан кавал заспаните родни планини...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И така, до рани зори, до точка и запирка Рада ги прочита сите четириесет и четири писма.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Се пишуваше за работникот кој станува во рани зори, и кој, според духот на народната уметност – пресреќен заминува во фабриката за да го даде својот труд, себеси да се даде за – општо добро, се пишуваа оди и фалбоспеви, итн., итн.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Утредента, уште од рани зори Филозофот заповеда тргнување.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Пелагија од рани зори ја вртеше рачката на машината за ронење, прва доаѓаше а последна си одеше и пченката од гредите на тремовите се преселуваше во големите вреќи, а вреќите во запрегата со која таа ги носеше во воденицата.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Во отсуство на чичко Томе, кој уште во рани зори заминал за варница, да ја ѕида на суво со сур камен и суво грло, за леб и раат на челадијата и душата, мајка му го избаци по сите страни држејќи му го лицето меѓу дланките како велигденско јајце, и долго му мавташе со марамата од главата, небаре го испраќа чедото на далечен пат во непозната земја.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- Те слушам од рани зори, - рече како да си зборува себеси.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Маријанти си отиде при крајот на септември и наредниот ден веќе не го слушнавме острото ѕвонење на парчето шина кое нѐ будеше во раните зори и трчаница, сѐ уште по мрак, носејќи го сонот во заспаните очи, моравме да се построиме на плоштадот и со строев чекор што побрзо да ја заземеме малата лединка лево од касарната на која секое утро, во пропишано време, припадниците на албанската воена морнарица истрчуваа на утринска гимнастика.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
А научив и по тоа што на тој ден дома беше вистинска збркотница: уште во рани зори стануваше мајка ми, нѐ будеше сестра ми, мене, дедо ми и почнуваше она што севезден го проколнував: ги тресевме постелите, ја менуваме сламата од сламарниците, се пентаревме на столови и со метла мавтавме по ќошињата кинејќи ја пајажината, роневме пченка и толчевме исушени пиперки, ги вадевме добичињата да се топлат на сонце во дворот, трчавме по кокошките за да ја фатиме онаа што носеше јајца во туѓа плевна и на која дедо ми уште одвечер ќе ѝ донесеше пресуда зборувајќи дека такви лиоти не би требало да се држат дома.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
И луѓето рекоа: да се обидеме и така. Утрото, од рани зори, почнаа да збираат кучиња.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И дојде неделата, црна и пуста, и јас почнав да се превиткувам. Од рани зори почна да ме ора, да ме кине, да ме корне.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)