рамноправен (прид.) - член (имн.)

Комитетот како трајна организација, се плашеше да пушти кај себе рамноправни членови од другите народности, од Словени србомани и гркомани, или пак и само со српско и грчко образование, од страв неговите тајни да не им станат достапни на балканските државици.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Пелагија без двоумење се согласи, особено што покрај мајка Перса ќе бдее и Мурџо, инаку прифатен во куќата како рамноправен член со вистинска куќичка порачана кај дограмаџија и сега сместена на крајот од дворот, близу до прозорецот од нивната одаја.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)