рамнодушен (прид.) - кон (предл.)

Критичарката посебно го спомена „неприродниот мир на ‘Водениот виор кај островот Фенвик’, морето без пена и безгрижните капачи весело несвесни за надоаѓањето на вртложниот облак, или рамнодушни кон него”; исто така, „вознемирувачки крвавите преливи на ‘Баричката роса’„.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
- велам. 160 Margina #8-9 [1994] | okno.mk - Да се објави нешто друго во овој момент би значело дека сме куќа која е рамнодушна кон политичките настани во светот - убедено вели уредникот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Се разбира, не беше рамнодушен кон тоа што се случуваше, но беше истовремено и прељубопитен за појавата и драматиката на нејзините потсвесни изблици.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Кети, која без сомнение беше рамнодушна кон животните, не го одобруваше тоа угодување.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Поетот остана сосема рамнодушен кон идејата дека медиумот на писмото би можел да му овозможи на текстот темелна автономија, со тоа што ја израмнува општата разлика помеѓу дословниот и фиктивниот дискурс.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Нашето повикување на деконструктивистичкото нивелирање на родовата разлика помеѓу философскиот и литературниот текст не наиде на одобрување.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Се обидував да му објаснам дека тоа не е нормално, дека е целосно лудо; дека не би можела да издржам, дека ме скокотка, а тој рече: „Да не те понижува, можеби?“, и јас, во тој момент знаев, бев сигурна дека Јан Лудвик не е дојден туку-така и дека одмаздата, без разлика колку тој се преправаше дека е рамнодушен кон сѐ што му се беше случило, сѐ уште тлее во неговата душа.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Јас бев најдобриот на разбој (вистински виртуоз бев!), но Фискултурецот не ме сакаше; од првиот час ми покажа дека е рамнодушен кон мојата уметност на разбојот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Нѐ прави одново рамнодушни кон начинот на кој нѐ гледаат.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Романтичната љубов ни дава замислено изземање од општественото непријателство, ни овозможува да се величаме себеси и сопствените чувства без да ги гледаме низ призмата на туѓото неодобрување.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, бидејќи конкретното страдање било нивно сопствено, ниту Дејвид Мекдијармид ниту италијанските вдовици од Фајер Ајленд не може баш да се обвинат дека биле лефтерно рамнодушни кон него и дека биле сомничави кон неговата стварност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ја поразува секоја критика.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
За овие дечки се вели дека живеат во бодар нов свет на прифатеност и слобода, милосливо поинаков од оној затвор на угнетеноста, од оној „кафез на исклученоста“ (иако „позлатен... со величествени украси“), кој го знаеле нивните претходници.142 Ако сакате да измерите колку добро помладите геј-мажи денес се асимилираат во поширокото американско општество, треба само да видите – или така барем тврдат застапниците на овој став – колку тие момци се неуки за геј-културата, колку се рамнодушни кон неа, колку малку им треба.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И ни овозможува пристап до извор на лично значење преку кој ќе си го осознаваме животот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тој бил доста рамнодушен кон разните теоретизирања и дискусии.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Зимата дојде дури порано отколку обично, рамнодушна кон тоа дека имаше сè уште луѓе под шатори и во непоправени полуурнати куќи.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Јадев како кучињата скитници, без ред во оброците, без место за јадење, не го знаев местото во домот ниту пак часот во кој загризував во храната, џвакав, голтав.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Станав рамнодушна кон одржувањето на редот на секојдневието, прашината се пластеше по подот и витрините, по ѕидовите и лустерите висеа пајажини, чиниите остануваа со денови неизмиени и фаќаа мувла.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Запленет од своите неразбирливи соништа, остануваше рамнодушен кон жената што го љубеше.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Мора да бидеме рамнодушни кон тие искушенија. Оставам да помине времето.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Мислеше на Јана и не беше веќе бесен на Ивана со врелина прашувајќи се зошто луѓето стануваат рамнодушни кон своите ривали и зошто ноќе имаат разбирање за нив.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Само модрозеленикавата Сена тече рамнодушна кон историјата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Бастилја на револуциите и умирањата, по големите моменти на историјата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Турците останувале рамнодушни кон јазиците, обичаите и верата на другите балкански народи. Турцизмите не биле наметнувани насилно.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Волтер во својот филозофски дневник тврдеше дека мерценерите се рамнодушни кон каузата затоа што се добро платени!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И Мустафа С. не беше рамнодушен кон покерот и покрај непишаната морална забрана на оваа игра со карти од страна на комунистичкиот режим чиј припадник беше самиот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Таа и самата како да остана рамнодушна кон можен брак.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Од нивното однесување можеше да се заклучи дека не се рамнодушни кон она што го прави.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Покрај неколку скапани штици и ’рѓосани железа, во некогашната правлива гаража доминантен објект беше каросеријата на еден исто така бивш камион, кој сега со излупена боја, без прозорски стакла и тркала, заринкан во валканата темница демнееше како препотопско сениште, како страшен тотем на некоја изумрена цивилизација.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Потоа, со истата чујност и одолжување, таа се предава на својот телефонски разговор, односно монолог, со израз наеднаш изменет од рамнодушен кон заинтригиран, наполно бришејќи ги патниците од својот видокруг.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Но, пореално е дека многу од луѓето станаа рамнодушни кон постоењето воопшто.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Свесно влегуваат во мрачниот ковчег на секојдневието, а не смееме да дозволиме да западнеме во духовна пасивност.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)