различен (прид.) - град (имн.)

Самиот проект „Досие 96” се состои од изборот на неколку стечајни фабрики во различни градови кои беа земени како точки (станици) при патувањата низ Македонија во текот на целата 1996.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
–––––– 1 Низ светот постојат неколку синагоги во различни градови што го носат името Битолски: La keila de los Monastirlis во Солун, The Sephardic Temple (Monastirli) во Њујорк и во Темуко и во Ерусалим. Колонии на Евреи од Битола се наоѓаат во Рочестер, во државата Њујорк во САД, во Индианаполис, во јужна Калифорнија, во некои населби на Флорида, но и во Темуко и Сантијаго во Чиле, во Бразил, во Мексико Сити во Мексико, како и во Ерусалим и во кибуцот Шаар ХаАмаким во Израел.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Исти бродвејски наслови во исти денови играат по различни градови на Америка, а сепак секоја постава и изведба им е совршено иста (како што е впрочем ист вкусот на "кентаки чикен" во Чикаго, Сиетл, Нешвил и Атланта).
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)