разен (прид.) - фигура (имн.)

Кога го пресоблекоа Илка, по кожата на телото му забележија истетовирани разни фигури: лав - за да го штити од зло; птица - за да го пази од загубување; змија - за да го брани од болести; четирилисна детелина - за среќа; сонце - за долг живот.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Татковците им донесоа многу играчки, бонбони во светликава хартија, и разни фигури што можеа да се обесат на елката.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
И се потсетува на она кога татко му имаше решено да го продаде за да плати некаков долг и кога очите постојано му одеа на него, а душата му ја стегаше жал: го жулкаше, му ја бришеше прашината на стаклото, на кутијата изработена од ореово дрво со разни фигури од билниот и животинскиот свет: цветови, плодови, животни, птици; бројките и стрелките позлатени на таблата порцеланска, а крај секоја бројка нацртани зодијаци и други небесни знаци.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)