разен (прид.) - место (имн.)

Името, знакот, она малку преостаната идентификациона енергија, сето тоа флаширајте го и пратете го навака. 8 Margina #15-16 [1995] | okno.mk АНДРЕЈ ТИШМА И ABBE BUZONI ГО ПИШУВААТ ДИСОНАНТНИОТ МЕЈЛ АРТ ТЕКСТ КАКО ЕДЕН АВТОРЕФЕРЕНЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ КОН АСПЕКТИТЕ НА МЕЈЛ-АРТОТ Историја Мејл-артот (англ. mail-art - поштенска уметност) како организирано и осмислено уметничко движење се јавува кон крајот на педесеттите и во почетокот на шеесеттите години на овој век, речиси едновремено на разни места на земјината топка.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Еден ден, партизани и партизанки од разни места од Македонија во одредот, беа во селото пееја партизански песни, фатени во големо оро...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Тоа на Којо Пипиле многу тешко му паѓаше, многу потешко отколку на другите: не можеше да поверува дека е тоа тој Богдан - оној негов верен другар од детството со кого заедно го напуштија селото и заедно скитаа по разни места барајќи работа и заедно го делеа и доброто и лошото и кој му помогна да се вработи во Пансионот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
На ручекот игуменот го викна и отец Иларион, кој во манастирот ги лечи душевно болните луѓе што ги доведуваат од разни места и го престави пред полковниците.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
А кога и тие не му даваа, купи неколку пишиња од селската продавница и ги држеше скриени на разни места: во плевната, во грмушките во бавчата, во кокошарникот, во трапот од реката.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Сега по должината на пругата отвориле повеќе станици преку кои населението од разни места ги транспортирало своите стоки.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Откако поминаа низ обуката, дресерот побара од селото доброволци кои ќе се кријат на разни места за да се увери до која степен кучињата се извежбани да следат разни миризби на луѓето.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
„Во основа тоа е средство за многу нешта. Психотерапијата е најочебијното.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Навистина сметам дека е корисна дрога. Ти овозможува да одиш на разни места.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Излажав пред триесетина ученици, дојдени и собрани од разни места, излажав, колку што се сеќавам, за да се направам важен, да се истакнам некако пред тие непознати деца.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Куќа цел свет мене ми е. Токму така: имам моќ да бидам на разни места во исто време.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
А што сѐ превиде тоа ковчеџе откако пред многу години го купи и му стана составен дел од неговиот живот; се фрлаше во разни превозни средства завиткано во вреќа за да не се гледа, да се заштити или да се носи полесно кога одеше пеш или кога му го даваше некому да го носи; не ретко му служеше да ги потпира на него плеќите или главата на разните железнички или автобуски станици чекајќи воз или автобус за некаде; да седи на него како на столче на палубите од бродовите во долгите деноноќни пловења; да го товари на коњи, магариња и камили по патиштата каде што само тие можеа да одат, да се изложува на ризик, да си го става на коцка животот поради неговата привлечност и будење љубопитност кај разните луѓе што го придружуваа или со кои доаѓаше во допир; да го продава кога ќе немаше пари и пак да не го продаде за да не се одвои од него; да му ги менува или крши катинарчињата кога ќе ги изгубеше клучињата, да го чисти и дотерува кога ќе се наводенеше од дожд и снег, да му го повраќа сјајот, убавината; да им го остава понекогаш на газдите како залог додека дојде до пари за да им ја плати станарината; тој му беше единствен сведок, придружник и другар во патувањата носејќи налепници од разни места и хотели.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)