разен (прид.) - краиште (имн.)

Арамиите го извлечкаа ранетиот другар надвор од селото, утредента Сиве стори абер на мудурот од Витолишта, ама реши да се исели од Будимерци.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Моделот на мозокот на крај обликуваше еден UFO модел како објект за комуникација, а во неговата изградба учествуваа повеќе стотици луѓе од разни краишта на светот.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Хотелот е исполнет со странци. Екскурзијанти од разни краиште на СССР, наши граѓани, главно деловни луѓе.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ама нели сите сме различни и од разни краишта?
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
По завршувањето на аудиенцијата Великиот везир пристапи со доклади по писмените извештаи од разни краишта, каде што војуваше султановата силна војска.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Грмнаа пците в село, a по малку се слушнаа две три пушки од разни краишта на селото.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„По 2-4 дена - пишува П. Шатев - ние се распрснавме сите по своите домови, по разни краишта на трите окрузи - Солунски, Битолски и Скопски - се разделивме, останавме сами, но ги зачувавме спомените за заточеништвото во Фезан“211.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)